Членство
Ви благодариме за Вашиот интерес за ИБГ Македонија. Доколку има одредена информација која Ви треба, а не може да ја најдете, Ве молиме контактирајте не на:
Корпоративно членствоЧленството на фирмите нуди можност за било кој вид на фирми, од мали консултантски фирми до големи корпорации. Нивото на членство се базира на годишниот придонес и е достапна за сите фирми од било која големина. Фирмите-членови се наведени на официјалната веб страница на ИБГ Македонија. Новите членови се промовираат во билтенот на ИБГ Македонија кој се издава на секои три месеци. Предностите на секое од нивоата се: ¤Платиниумско членство- 100,000 МКД годишно (25,000 МКД тромесечно)
¤Златно членство - 50,000 МКД годишно (12,500 МКД тромесечно)
¤Сребрено членство- 25,000 МКД годишно (6,250 МКД тромесечно)
¤Стандардно членство- 12,000 МКД годишно (3,000 МКД тромесечно)
|
|||||||||
Спонзорства на проектиДонациите можат да се насочат директно на специфични (конкретни) проекти од страна на поединци, фирми, здруженија или други групи. Истите можат да бидат во форма на готовина, услуги или материјлни добра.
Примери за донации за конкретни проекти:
« над 50,000 МКД - поголеми донации кои овозможуваат проектниот тим да патува до заедницата и со донацијата да се комплетира целиот или поголем дел од проектот. Такви активности вклучуваат: транспортни трошоци, сместување, исхрана, преведување, материјали кои се набавуваат локално, опрема која локално се изнајмува или изработува, работна рака во заедницата каде се реализира проектот, геохидролошки испитувања, тестирање на квалитетот на водата и слично.
« од 5,000 до 50,000 МКД - донации со кои можат да се изгради помал објект или изврши реконструкција во помал обем, да се набави пумпа за вода, опрема за помала заедница, цемент, песок, керамиди или друг градежен материјал и слично Спонзорство за семинари и годишно собраниеСекој семинар и годишно собрание дава многу можности за спонзорирање кое е специфично во зависност од целите на семинарите. Специфичните услови се дадени во материјалите за секој од овие настани. Воопштено, предностите за спонзорство на настаните организирани од страна на ИБГ Македонија се:
¤ Платиниумско спонзорство (3 максимално) - 75,000 МКД по спонзор
¤ Златно спонзорство - 20,000 до 50,000 МКД
¤ Спонзорство за стипендии - 5,000 до 30,000 МКДСпонзорството овозможува присуство на домашни и меѓународни учесници на настанот.
Спонзорство за награди (10 максимално) - 5,000 МКД по награда
На годишното собрание се доделуваат награди за извонредна работа во претходниот период. Предностите на спонзорот се: « идентификација како спонзор на наградата на наградната плакета « признание на спонзорството на награди во сите конференциски материјали « признание на веб страната
Спонзорство за приемот/банкетот - 25,000 МКД Бенефиции на спонзорот се: « реклама во просторот за прием на учесници « признание на спонзорството на награди во сите конференциски материјали « признание на веб страната |
|||
|
ПАРТНЕРИ
|
|||